Достапни линкови

МВР превзема мерки да не се повторат инцидентите на Кале


Министерството за внатрешни работи на Република Македонија презема мерки со цел да не се повторат минатонеделните меѓу етнички инциденти на Скопското Кале, јави дописникот на Радио Слободна Европо од Скопје. Полициско присуство се забележува и во централното градско подрачје. Вчера повеќе надлежни институции, граѓански здруженија и политички партии ги повикаа граѓаните да се воздржат од какви било активности што создаваат нетолеранција, а особено говор на омраза и можат да предизвикаат тензии и судири помеѓу различни етнички заедници и претставници на различни верски групи.
XS
SM
MD
LG