Достапни линкови

Тачи мандатар за состав на новата влада на Косово


Вршителот на должноста косовски претседател Јакуп Красниќи денеска му го додели мандатот за состав на нова Влада на Косово на актуелниот премиер и лидер на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи.
Во соопштението на Кабинетот на Красниќи се истакнува дека в.д. претседателот очекува во најкус можен рок Тачи да формира владина коалиција и предлозите за идни министри да ги достави до Парламентот.
Тачи, претходно најави дека составот на неговата нова влада ќе биде познат во текот на идната недела.
XS
SM
MD
LG