Достапни линкови

Шефот на грчката дипломатија во Њујорк на средба со Бан Ки Мун


Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас вечер во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Главна тема на разговорот се очекува да биде кипарското прашање, со оглед на претстојниот извештај на генералниот секретар на ОН за Кипар, кој ќе биде доставен до Советот за безбедност на ОН до крајот на овој месец.
На средбата ќе биде разговарано и за преговорите кои Грција и Македонија ги водат со посредство на ОН за спорот околу името, а ќе стане збор и за ситуацијата на Блискиот Исток.
Друцас пристигна во Њујорк, откако претходно ги посети Лондон и Никозија.
XS
SM
MD
LG