Достапни линкови

logo-print

И покрај бојкотот на дел од членството, од Државната пописна комисија велат дека процесот на подготовка и изведување на пописот нема да престане.

Државната пописна комисја ќе продолжи со својата работа и покрај тоа што една третина од нејзиното членство ја бојкотира нејзината работа. Претседателката на Комисјата Весна Јаневска вели дека се уште во Комисијата има членови на заедниците и отсуството на осумте членови не ја доведува во прашање работата на државното тело.
Се додека Комисијата има мнозинство, процесот на подготовка, па и изведување на пописот нема да престане, затоа што ние сме длабоко навлезени во процедурата.


„Се додека Комисијата има мнозинство, процесот на подготовка, па и изведување на пописот нема да престане, затоа што ние сме длабоко навлезени во процедурата.“

Јаневска вели дека комуницира со членовите кои ја бојкотираат Комисијата, но досега нема информации дека тие планираат да се вратат на работа.

Весна Јаневска, претседател на Државната пописна комисија.

Шестмина членови на албанската и двајца од турската заедница ја напуштија пописната комисија незадоволни од начинот на кој било решено да се избираат попишувачи што ќе работат на терен. Тие бараат изборот да се врши на поинаков начин од оној што го изгласало мнозинството, а кој предвидува двајцата попишувачи да бидат од различни етникуми. Потпретседателот на Комисијата Абдулменаф Беџети најави дека ќе се вратат само ако се анулираат одлуките донесени без нивно учество.
Сите патишта, сите идникации, водат кон тоа со оглед на фактот дека еве се случи и Калето, се случуваат и други работи и ова е една ситуација во која сите нешта водат во прилог на тоа да има бојкот. Најодговорна за ова се парламентарното и владиното
мнозинство.

По одлуката за напуштање на Комисијата, се постави прашањето дали партиите ќе го подржат бојкотот на членовите од Комисијата. Генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми ја повика Комисијата за попис да го почитува законот, односно членот 34 каде прецизно се вели дека Комисијата треба да ја почитува правичната и адекватната застапеност на попишувачите низ општините и низ пописните региони. Според Адеми, неразбирливо е во Комисијата за попис да има надгласување кога Законот за попис во Парламентот беше донесен со „бадентерово“ гласање.

И од НД бараат попишувачите да се определат според правичната застапеност на етничките заедници во пописните реони.

Аналитичарот Хисен Јашари, пак, вели дека се исполнети сите предуслови за бојкот на пописот.

„Сите патишта, сите идникации, водат кон тоа со оглед на фактот дека еве се случи и Калето, се случуваат и други работи и ова е една ситуација во која сите нешта водат во прилог на тоа да има бојкот. Најодговорна за ова се парламентарното и владиното мнозинство.“

Предвидено е пописот да се спроведе во април.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG