Достапни линкови

Балканска мисија во Авганистан?


Припадници на македонската Армија

Припадници на македонската Армија

Иако, се уште нема конкретна одлука, македонското Министерството за одбрана ја подржува идејата за заедничко учество на земјите од Јадранската група во Авганистан.

Македонија подржува учество во заеднички единици во кои би имало војници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Албанија, во рамки на силите на НАТО во Авганистан, но засега нема конкретна одлука.
Министрите за одбрана и надворешни работи на земјите членки на Американско-јадранската повелба (САД, Македонија, Хрватска, Албанија, БиХ и Црна Гора), на неколкуте претходни состаноци ја разгледувале можноста за формирање заедничка единица во Авганистан.
Конкретна подготвеност за учество во единицата досега изразиле Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Подржуваме учество на единици кои што ќе бидат од мешан состав од земјите членки на А5 групата, меѓутоа во моментот неможеме да кажаме ништо конкретно, кога, со кој тип на единици, со колкав број, ќе учествуваме во оваа група во Авганистан, или во иднина на било кое друго место. Значи во принцип, ние тука дома треба да изградиме став, владата на РМ.


Агенциите, повикувајќи се на извори од хрватското Министерство за одбрана, веќе
Американски војници во Кабул
објавија дека единицата, чии припадници ќе бидат од земјите на поранешна Југославија, без Србија, но плус Албанија, се формира на иницијатива на САД и веќе го добила името „балканска“.

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев вели дека Македонија начелно подржува вакви иницијативи.

„Подржуваме учество на единици кои што ќе бидат од мешан состав од земјите членки на А-5 групата, меѓутоа во моментов не можеме да кажаме ништо конкретно - кога, со кој тип на единици, со колкав број, ќе учествуваме во оваа група во Авганистан, или во иднина на било кое друго место. Значи во принцип, ние тука дома треба да изградиме став, владата на РМ, и подоцна Собранието да го одобри тоа упатување на наши единици во Авганистан заедно со останатите земји членки на А-5 групата.“

Поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски вели дека формирањето заедничка регионална единица во Авганистан е добра идеја и се надева дека
Се надевам дека оваа нова идеја, ќе биде во еден помал, позаокружен формат и со не толку проблематични, туку напротив, со држави кои, овие години интензивно соработуваат на воен план, ќе може да донесе поголеми резултати отколку идејата со СЕЕБРИГ
бригадата.
ќе профункционира. Еленовски потсетува дека веќе подолги години е формирана мултинационална бригада на земјите од југоисточна Европа, СЕЕБРИГ. Освен едно вкучување на штаб на бригадата во штабот на мисија ИСАФ во Кабул во Авганистан, нема поконкретни резултати. Поради повеќе политички причини, СЕЕБРИГ не беше ставена во функција, вели Еленовски.

„Се надевам дека оваа нова идеја, ќе биде во еден помал, позаокружен формат и со не толку проблематични, туку напротив, со држави кои, овие години интензивно соработуваат на воен план, ќе може да донесе поголеми резултати отколку идејата со СЕЕБРИГ бригадата.“

Еленовски потсетува дека со новиот стратешки концепт на НАТО што се усвои во Лисабон, Алијансата апелира до земјите членки заеднички да градат воени капацитети.
Формирањето на заеднички мултинационални тимови не претставува новина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG