Достапни линкови

Заштита на охридската пастрмка


Охридска пастрмка
Охридска пастрмка

Вештачкиот мрест кој се спроведува, но и позасилени контроли против рибокрадците, според надлежните, ќе придонесат за зачувување на охридската пастрамка.

Охридската пастрмка која со милениуми живее во Охридското Езеро и е нејзин заштитен белег, сега побавно созрева од порано, поради метеолошките услови и глобалните климатски промени. Тоа посебно се забележува за време на зимскиот вештачки мрест што е во полн ек на трите риболовни пункта Охрид, Пештани и Трпејца, каде под надзор на стручањаците од Хидробиолошкиот завод, рибарите ловат риба, која потоа се молзи, од икрата се оплодува подмладок, со кого по
Досега вкупно овие три мрестилишта имаат собрано над два милиони зрна икра, и сметаме дека додека трае мрестот до 30 март, дека барем ќе достигнеме близу до таа бројка од три пол милиони зрна. Но, морам да напоменам дека навистина популацијата на пастрмката сеуште не е вратена во онаа нејзина оптимална состојба.
одгледувањето се порибува езерото, со цел да се сочува овој ендемски вид од изумирање.

„Досега имаме собрано над еден милион и четиристотини илјади зрна икра, што во некоја рамка е задоволувачки за овој период, и се враќаме на оној момент кога велиме дека заедно трите мрестилишта кои работат на овој процес на Охридското Езеро, нашиот институт, институтот за сточарство преку мрестилиштето во Шум кај Струга и мрестилиштето во Албанија кај Лин, вкупно заедно треба да собереме од три до три и пол милиони зрна икра. Досега вкупно, овие три мрестилишта имаат собрано над два милиони зрна икра, и сметаме дека додека трае мрестот до 30 март, дека барем ќе достигнеме близу до таа бројка од три пол милиони зрна. Но, морам да напоменам дека навистина популацијата на пастрмката се уште не е вратена во онаа нејзина оптимална состојба, далеку е од тоа и навистина се потребни поригорозни мерки кои треба да ја средат таа состојба“, вели Зоран Спиркоски, одговорен за мрестот во Хидробиолошкиот завод во Охрид.


Според него, сега ќе се собере шест пати помал број зрна икра од пастрмка отколку пред 22 години. Спиркоски апелира под итно да се хармонизираат прописите во Македонија и Албанија за заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро и државата да воведе физичко обезбедување, што сега е спаднато само на неколку рибочувари, за поригорозни контроли и
Јас мислам треба да има контрола, инаку без тоа нема ништо. Секоја работа е добра само ако има контрола и дисциплина. Ако езерото има добар газда, ќе има и риба.
санкционирање на рибокрадството, за да не исчезне пастрмката.

„Несомнено е дека проблемот на рибокрадството може да се реши за само еден ден. Сето тоа се само системски работи. Ако направите анализа, кој воопшто е осуден за рибокрадство, мислам дека бројката која што ќе ја добиете, а е еднаква на нула, ќе ви каже каде е системот и каде се грешките“, вели Спиркоски.

И старите рибари потврдуваат дека сега има многу повеќе рибарење на диво од порано.

„Јас мислам треба да има контрола, инаку без тоа нема ништо. Секоја работа е добра само ако има контрола и дисциплина. Ако езерото има добар газда, ќе има и риба“, вели Никола Пуфтоски од селото Пештани.

Тој три децении се занимава исклучиво со рибарство.

Седум години, Охридското Езеро нема концесионер и има мораториум за риболовот. И додека се чека на државата, општината и институиите да изнајдат начин да го спасат езерото и рибниот фонд, пастрмката и белвицата, иако се високо загрозени видови на светската листа, можат да се купат на црните пазари и во рестораните во земјава по баснословни цени.
XS
SM
MD
LG