Достапни линкови

Разнишан угледот на Косово


Питер Фејт

Питер Фејт

Идната влада на Косово мора да има морален интегритет, вели Питер Фејт во интервју за РСЕ.

Во последниве неколку месеци е создаден негативен меѓународен публицитет за Косово. Затоа е важно политичките лидери кои се осомничени или под сомневање за вмешаност во трговијата со органи, да не бидат избрани во новите косовски институции. Ова, во интервјуто за Радио Слободна Европа, го истакнува шефот на меѓународната цивилна канцелариja на Косово, Питер Фејт.

Питер Фејт нагласува дека формирањето на новата косовска влада зависи од косовските лидери и нивните проценки, меѓутоа тој порачува дека членовите на идната влада мора да имаат највисок морален интегритет. На прашањето, што доколку неговата препорака не биде прифатена, Фејт вели:

„Нема да ви дадам дефинитивен одговор, но ситуацијата не е лесна. Косово постигна многу од независноста, но треба да биде јасно дека имаше и неколку чекори назад во последниве месеци, а меѓународната репутација на Косово е разнишана.“


Притоа, Питер Фејт се осврнува и на парламентарните избори на Косово од 12-ти декември, при што оценува дека тие беа проблематични и оти во некои конкретни општини имаше нерегуларности. Затоа, пак во некои други, изборите беа спроведени одлично.

Индивидуална одговорност

Во врска со очекуваните разговори меѓу Белград и Приштина и
Најдоброто што може да го стори Приштина е да биде максимално отворена и конструктивна. Истрага очигледно ќе има, но тоа ќе зависи и од доказите што треба да ги обезбеди господин Марти.
можностите тие наскоро да започнат и да дадат некакви резултати, Питер Фејт вели:

„Мислам дека секако е можно. И двете страни, и Белград и Приштина генерално се заинтересирани за успешен исход од тој дијалог. Постојат неколку прашања кои може да бидат разгледани и успешно договорени и тоа ќе биде од корист за граѓаните. Ние се надеваме дека тој дијалог може да произведе конкретни промени на теренот.“

Но, почетокот на дијалогот меѓу Приштина и Белград е разнишан од аферата со трговијата на човечки органи. Извештајот на Дик Марти главно беше осуден во Приштина, но Питер Фејт оценува:

Подготовки за прославата на третата годишнина од независноста на Косово во Качник.

„Кога станува збор за извештајот на Марти, мислам дека најдоброто што може да го стори Приштина е да биде максимално отворена и конструктивна. Истрага очигледно ќе има, но тоа ќе зависи и од доказите што треба да ги обезбеди господин Марти. Важно е процесот да се забрза и да се дојде до заклучоци брзо, со што сомневањата би биле отстранети од Косово.“

Питер Фејт, притоа додава дека тоа е работа на индивидуална одговорност. Ако командантите на УЧК сториле некакви злосторства, тогаш мора да одговараат. Значи, ако има индивидуална одговорност, не може да се обвинува цело Косово, истакнува шефот на меѓународната цивилна канцеларија на Косово, Питер Фејт, во интервјуто за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG