Достапни линкови

Албанија-опозицијата повторно на протести


Лидерот на албанските опозициски социјалисти Еди Рама

Лидерот на албанските опозициски социјалисти Еди Рама

Лидерот на албанските опозициски социјалисти, Еди Рама за денеска најави одржување мирни антивладини протести. Рама изјави дека опозицијата повторно ќе побара да си заминат ограбувачите на народот, да се ослободат луѓето кои се заложници на власта и премиерот Сали Бериша да си оди.
Лидерот на опозицијата ги повика сите граѓани да учествуваат на протестите и да стават крај на сиромаштијата, големата корупција и злоупотреба на власта.
XS
SM
MD
LG