Достапни линкови

ОН-Во Русија не се почитуваат човековите права


Комесарот за човекови права на ОН Нави Пилај

Комесарот за човекови права на ОН Нави Пилај

Во Русија постојат сериозни проблеми со почитувањето на човековите права, предупреди Високиот комесар за човекови права при ОН, Нави Пилај. Таа при својата прва посета на Москва изјави дека истрагата за убиствата на новинарката Ана Политковскаја, на активистката за човекови права Наталија Естемирова и адвокатот Сергеј Магнитски се обвиткани со мистерии и контраверзии. По средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев , Пилај изјави дека има сериозни недостатоци во почитувањето на човекоите права во Русија и дека реформте што ги спроведува власта, не се доволно напреднати , за да се сметаат за успех.
XS
SM
MD
LG