Достапни линкови

Шведска објави документи за распадот на Советскиот сојуз


Шведска објави повеќе од 400 страници, претходно класифицирани документи од периодот 1989-1991 што се однесуваат на распадот на Советскиот Сојуз. Документите вклучуваат и шведски дипломатски извештаи за обидот за државен удар против тогашниот советски лидер Михаил Горбачов. Има проценки за извршителите на можниот државен удар и препораки за тоа како Шведска би требало да се однесува во таква ситуација. Шведскиот амбасадор во Москва во август 1991 година напишал:
„Не сакам да драматизирам, но мора да посочам дека постои ризик од граѓанска војна“.
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт вели дека документите ќе придонесат во пишувањето на историјата и посочи дека меѓу документите нема странски извештаии затоа не може да ги нарушат односите со друга земја.
XS
SM
MD
LG