Достапни линкови

Франција- запленети јахти на рускиот олигарх Березовски


Борис Березовски

Борис Березовски

Француските власти запленија две јахти укотвени на француското крајбрежје кои се во сопственост на рускиот олигарх Борис Березовски. Обвинителстовото соопшти дека јахтите, во вредност од околу 20 милиони долари, се привремено запленети по барање на Москва. Милијардерот Березовски, кој е поранешен пратеник во руската дума побегна во Велика Британија во 2000 година, откако Владимир Путин стана претседател и го замени Борис Јелцин.
Березовски е остар критичар на Кремљ. Во отсуство е осуден на затворски казни поради наводни кражби на милиони рубљи од компаниите Аерофлот и АвтоВаз.
Русија во неколку наврати бара екстрадиција, но британската влада одбива да го испорача и му даде политички азил во 2003 година. Березовски поседува и вила на француското крајбрежје.
XS
SM
MD
LG