Достапни линкови

Немири на протестите во Либија


Провладините протести во Триполи

Провладините протести во Триполи

Неколку стотина приврзаници на либискиот претседател Муамар Гадафи денеска протестираа во Триполи, против одржувањето на анти-владиниот „Ден на гневот“ инспириран од случувањата во Египет и Тунис. Демонстрантите извикувале „Ние го браниме Гадафи“ и носеле плакати со неговиот портрет. Има информации за немири во другите градови низ земјата. Новинските агенции објавија дека имало судири во Ал Бајда меѓу провладините демонстранти и роднините на двајцата загинати за време на вчерашните протести.
Хјуман Рајтс Воч соопшти дека либиските власти упасиле 14 активисти, писатели и демонстранти кои биле организатори на опозициските протести.
XS
SM
MD
LG