Достапни линкови

Белоруски опозициски активист осуден на 4 години затвор


Мајката на Васили Перфенков на неговото судење

Мајката на Васили Перфенков на неговото судење

Белорускиот суд денеска го осуди на четири години затвор опозицискиот активист Васили Парфенков, кој беше обвинет за потикнување масовни немири по спорните претседателски избори во Белорусија. Обвинителот барал казна од 6 години затвор. Парфенков заедно со уште 40 опозициски активисти, меѓу кои и пет поранешни претседателски кандидати се обвинети за случувањата на протестите во Минск, против новиот мандат на Претседателот Александар Лукашенко.
Министерството за правда суспендираше четворица адвокати на притворените наводно бидејќи извршиле серија на бесрамни обвинувања.
XS
SM
MD
LG