Достапни линкови

На протестите во Ирак-најмалку двајца загинати


Повреден демонстрант на протестите во Ирак

Повреден демонстрант на протестите во Ирак

Курдските безбедносни сили денеска отвориле оган кон демонстрантите во северен Ирак кои бараат спроведување на политички реформи и притоа најмалку две лица загинале. Во Ирак во последниве недели се одржуваат низа на мали протести, најчесто во јужните покраини, поради корупцијата и недостигот од струја или чиста вода за пиење.
Во градот Басра околу 600 луѓе се собрале пред локалната општина, каде се судриле со полицијата која ја заштитувала зградата. Десетици демонстранти ја запалија општинската зграда и во градот Насир.
XS
SM
MD
LG