Достапни линкови

Мирни протести за пописот во Албанија


Мирен протест против пописот врз етничка и верска припадност во Албанија беше одржан денеска во Тирана пред зградата на Високиот воен совет за правда. Според албанските медиуми на протестот зеле учество членките на мрежата на албански организации од земјата, Косово, Македонија, Црна Гора и Јужна Србија кои носеле пароли на кои пишувало „националноста не се продава“. Македонската организација Разбуди се соопшти дека не учествувала на протестот.
XS
SM
MD
LG