Достапни линкови

Приврзаниците на Гадафи против „Ден на гневот“ во Либија


Протестот на приврзаниците на власта во Либија

Протестот на приврзаниците на власта во Либија

Неколку стотина приврзаници на либискиот претседател Муамар Гадафи денеска се собраа во Триполи против одржувањето на анти-владиниот „Ден на гневот“ инспириран од случувањата во Египет и Тунис. Хјуман Рајтс Воч соопшти дека либиските власти упасиле 14 активисти, писатели и демонстранти кои биле организатори на опозициските протести, кои денеска се уште не започнале.
Вчера демонстрантите се судрија со полицијата и поддржувачите на власта во источниот град Бенгази по апсењето на еден активист за човекови права. При тоа, над 30 лица, вклучувајќи и полицајци беа полесно повредени.
XS
SM
MD
LG