Достапни линкови

Власта да ја сфати пораката


Средба на премиерот Никола Груевски со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Стејт департментот
Средба на премиерот Никола Груевски со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Стејт департментот

Според опозицијата и експертите, со одрекување на пораките кои на власта и се испорачани во Вашингтон, нема напредок.

И по средбата на Груевски со Бајден и Клинтон, американската администрација ја потврди загриженоста за трендовите кои се однесуваат на владеење на правото, независните медиуми и цивилното општество во Македонија.
Извори од Социјалдемократскиот сојуз велат дека пораките се блиску до најострите, по што може да следи само исклучување од меѓународните дипломатски кругови. Загриженоста според истите, значи дека државата не стои во место, туку назадува во однос на реформите. Опозицијата критикува дека пораките кои допираат до власта, таа ги одрекува, со оглед на тоа што секоја порака е проследена со толкување кое нејзе и одговара.
По средбата, најмногу загрижена треба да биде Македонија, апелира
Тоа претставува аларм не само за владата туку едно сериозно освестување и на самиот народ, на
населението.
поранешниот дипломат Махи Несими:

„Тоа претставува аларм не само за владата туку едно сериозно освестување и на самиот народ, на населението.“

Кога земја како Соединетите Држави отворено во јавноста заборува за вашите проблеми, тоа значи дека многу работи треба да се менуваат, вели Несими:

Средба на премиерот Никола Груевски и американскиот потпретседател Џо Бајден во Белата куќа.

„Обично дипломатите тоа јавно не го кажуваат, ова што е изнесено навистина треба да не загрижува сите, а посебно владата.“

Според професорот Стево Пендаровски, пак, загрижува фактот што од
Обично дипломатите тоа јавно не го кажуваат, ова што е изнесено навистина треба да не загрижува сите, а посебно
владатa.
вчерашните разговори премиерот и македонската делегација ја виделе само убавата страна.

„На ваквите реакции од надвор кај нас до сега беше занемарување, не сум убеден воопшто дека оваа загриженост на Вашингтон ќе најде практична примена во политиките и самата реакција после вчерашните средби на премиерот тој ја видел само убавата страна на средбата, а такви убави работи очигледно биле кажани многу малку.“

Македонскиот премиер вчера изјави дека најголемиот дел од разговорите биле поврзани со прашањето за името и оти ставот на Соединетите Држави е дека Македонија и Грција треба да го решат проблемот, а не само да очекува помош отстрана.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG