Достапни линкови

Судир меѓу полицијата, владините и опозициските активисти во Јемен


Протестите во Јемен

Протестите во Јемен

Во Јемен денеска безбедносните сили и владините активисти се судриле со опозициските демонстранти на седмиот ден од протестите за оставка на Претседателот Али Абдула Салех. Во Сана претходно вооружени владини активисти бркаа мала група на демонстранти. Според информациите судири имало и во други градови низ земјата. Најмалку 10 луѓе биле повредени при немирите, а еден демонстрант вчера беше застрелан од полицијата во градот Аден. Претседателот Салех е на власт 32 години.
XS
SM
MD
LG