Достапни линкови

Започна судењето на опозициски активист во Белорусија


Протестите во Минск

Протестите во Минск

Опозицискиот активист Васили Парфенков се појави денеска пред судот во Минск под обвинение за потикнување масовни немири по спорните претседателски избори во Белорусија. Парфенков заедно со уште 40 опозициски активисти, меѓу кои и пет поранешни претседателски кандидати се обвинети за случувањата на протестите против новиот мандат на Претседателот Александар Лукашенко.
Министерството за правда суспендираше четворица адвокати на притворените наводно бидејќи извршиле серија на бесрамни обвинувања.
XS
SM
MD
LG