Достапни линкови

Протест во Тирана против попис врз етничката и верската припадност


Анти владини протести во Тирана - Јануари 2011

Анти владини протести во Тирана - Јануари 2011

Пред зградата на албанскиот Парламент во Тирана претпладнево ќе биде одржан протест против изјаснувањето врз верската и етничката припадност при пописот на населението во Албанија, што треба да се спроведе во април.
Како што јави МИА од Тирана, протестот го организира една мрежа на албански организации во која членуваат здруженија од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Од Македонија членка на мрежата е здружението „Разбуди се“.
- Сметаме и веруваме дека овој попис на населението не е во прилог на националните интереси, туку има поддршка само од антинационалните кругови, кои 20 години се обидуваат вештачки да го зголемат процентот на другите етнички заедници во Албанија. Овој попис е во спротивност со уставот на Република Албанија и само оваа причина за нас е доволна силно да се противиме на овој попис, се наведува со соопштението на организаторите на протестот.
XS
SM
MD
LG