Достапни линкови

logo-print

Груевски разговараше со Бајден и Клинтон


Македонија и Грција треба да го решат прашањето за името, изјави македонскиот премиер Никола Груевски по средбите во Вашингтон со американскиот потпретседател Џо Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон.
„Ние ќе останеме силно фокусирани на решавањето на ова прашање поврзано со нашето членство во НАТО и ЕУ“, рече Груевски.
Средбата со Бајден во Белата куќа и со Клинтон во Стејт Департментот, како што оцени Груевски, се доказ за силното пријателство меѓу САД и Македонија.
XS
SM
MD
LG