Достапни линкови

Ирак ќе ги намали платите на министрите и пратениците


Ирачкиот премиер Нури ал Малики

Ирачкиот премиер Нури ал Малики

Генералниот секретар на ирачкиот владин кабинет Али ал Алак изјави денеска дека владата планира да ги намали платите на министрите и пратениците, откако на протестите против корупцијата и сиромашната јавна служба беше застрелано едно момче.
Со новата легислатива според Алак ќе бидат заштедени најмалку 19 милиони долари годишно. Доколку предлог законот биде одобрен од владата, тој ќе биде доставен до Парламентот.
Според новиот закон премиерот Нури Ал Малики наместо 27 илјади долари би зимал плата од 10 100 долари месечно, а 42 министри и 325 пратеници би добивале 6200 долари наместо досегашната плата од 10 илјади.
XS
SM
MD
LG