Достапни линкови

Крај на хаосот со такси-превозот во Скопје?


Скопје блокирано од протестот на таксистите
Скопје блокирано од протестот на таксистите

Владата вети ставање точка на хаосот со такси превозот во Скопје, откако неколку стотини легални таксисти ја блокираа улицата пред влада.

Таксисите, што повеќе од четири часа ја блокираа улицата пред владата, го ставија протестот во мирување, откако министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески им ветил решавање на нивните проблеми.

Неколку стотини такси-возила ја блокираа улицата пред владата со барање да се реши хаосот во такси превозот во главниот град. Нивно основно барање е да се реши проблемот со „дивите“ таксисти. Бараат и решение за заостанатите долгови за давачки, покачување на цената за превоз и отворање нови такси-стојалишта.
Во среда ќе имаме поконкретен одговор, од што се може да се отстапи, што може да се реши.


На средбата во владата им било ветено дека ќе се одземаат возилата на „дивите“ таксисти, а бројот на такси-возила во Скопје ќе се ограничи на три илјади. Министерот Јанакиески им понудил на таксистите заедно да го изработат Законот за патен сообраќај, во делот кој директно ги засега.
На средбата било договорено сите компании кои имаат таксисти со заостанати долгови да достават списоци до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за да се пресмета вкупната сума на долгови, по што Владата ќе реши како ќе го регулира долгот.

Заменик претседател на Синдикатот на такси возачи на град Скопје

Заменик претседателот на Синдикатот на такси возачи на град Скопје Радислав Томчевски по средбата изјави дека се договориле до петок да ги достават списоците со заостанатите долгови.

„Во вторник имаат седница, во среда ќе имаме поконкретен одговор, од што се може да се отстапи, што може да се реши, значи збориме не за отпис, туку за регулирање. Значи поконкретни податоци за тоа ќе имаме во среда.“

Легалните таксисти се жалат дека „дивите“ превозници им го крадат лебот.

„Со овие диви такси возачи низ градот што се пет до шест пати повеќе од нас, не може да се работи рентабилно, а плус и со ова скапо гориво не може
Со овие диви такси возачи низ градот што се пет до шест пати повеќе од нас, не може да се работи рентабилно, а плус и со ова скапо гориво.
да се работи рентабилно.“

„Такси станици немаме, никаде не можеме да застанеме од диви таксисти.“

„Треба оваа влада да се срами, таксито за еден град претставува лице, доаѓаат странци, туристи.“

Таксистите додаваат дека ако се отстранат „дивите“ превозници можеби и нема да има потреба од покачување на цената.


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговрајќи нановинарско прашање, по презентацијата на Претпристапната економска програма 2011- 2013, рече дека владата останува отворена за разговор со таксистите.

„Тие разговори и барањата треба да бидат базирани на аргументи и на законските решенија во Македонија. Ништо што е вон законските решенија не може и нема да биде прифатено, а се друго што може да се прифати, ќе биде прифатено.“
Ништо што е вон законските решенија не може и нема да биде прифатено, а се друго што може да се прифати, ќе биде прифатено.


Ставрески вели дека владата прифаќа, таксистите да ги исплаќаат заостанатите обврски онолку години на рати колку што ги немаат подмирено. Ако осум години заостанале со придонесите и данокот, да ги плаќаат исто толкав период. Тоа е максимумот што согласно законот може и смее да се дозволи, посочи Ставрески.

На протестот илзлегоа таксисти од осум компании – членки на Регионалната комора. Протестот на беше поддржан од групацијата на авто-такси превозници при Стопанската комора и од новото здружение на легални такси превозници.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG