Достапни линкови

Кумановци за политичката криза


Куманово

Куманово

И додека граѓаните на Куманово се соочуваат со бројни проблеми за преживување, а во текот на денот двата градски плоштади врие од луѓе кои немаат работа, локалната власт и опозицијата се препукуваат меѓусебе со бројни обвинувања.

Локалната опозициска коалиција на ВМРО-ДПМНЕ го обвинува градоначалникот за вработувања на партиски војници и непотизам, како што вели Игор Божиновски, со злоупотреба на општинските пари за тоа.
Дамјановски со одговор:
Ситуацијата е таква што политичката клима е разнишана. Не верувам дека ќе има избори. Сите калкулираат, се прават паметни, а народот страда, додека тие си прават маркетинг.


„ВМРО-ДПМНЕ за четири години ја партизира не само администрацијата, државата, судството, мислам дека и соседните држави ќе ги партизира. Како не им е срам за четири невистинити вработувања да зборуваат!“

И порачува:

„Гледајте ја судбината на државата, не се занимавајте со ситни популистички работи, бидејќи на овој начин кумановци ве препознаа.“

Совет на општина Куманово

А граѓаните кои се чини повеќе се загрижени за семејната и личната финансиска криза, велат дека има политичка криза. И покрај тоа едните сметаат дека не треба да има предвремени избори.

„Сите се исти.“

„Да нема! Нека чекаат и овие четири години нека поминат, па
Не би требало да има. Уште повеќе да страда народот со беспарицата.
Нема пари!
потоа.“

„Ситуацијата е таква што политичката клима е разнишана. Не верувам дека ќе има избори. Сите калкулираат, се прават паметни, а народот страда,додека тие си прават маркетинг.“

„Не би требало да има. Уште повеќе да страда народот со беспарицата. Нема пари!“

Некои, пак, сметаат дека состојбата е таква, а само изборите можеби ќе ја променат.

„Мислам дека ќе има.“

„Би требало да има. Се гледа политичка криза во земјава. Тоа е крајно решение.“
Би требало да има. Се гледа политичка криза во земјава. Тоа е крајно решение.

„Би требало да има избори. Сиромаштијата е голема, невработеноста и нема од што да се живее.“

И едните и другите веројатно според нивните политичко-партиски емпатии посакуваат едно или друго. Оние пак кои веројатно не припаѓаат ни лево, ни десно, резигнирано велат:

„Што вреди и да има и да нема!“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG