Достапни линкови

ДПА ќе се обедини со Албанскиот сојуз


 Претседателот на ДПА Мендух Тачи

Претседателот на ДПА Мендух Тачи

Генералниот секретар на ДПА Имер Алиу и претседателот на Албанскиот сојуз Ваљон Бела по нивната денешна средба во Тетово најавија дека двете партии ќе се обединат, откако ќе бидат надминати разликите во нивните програми. Алиу изјави дека се работи за несогласување во неколку суштински теми, но дека набрзо ќе бидат соединети двете партии.
Според припадниците на ДПА со тој чекор започнува реализацијата на планот на лидерот Мендух Тачи за формирање на опозиционен фронт составен од повеќе политички партии и невладини организации.
XS
SM
MD
LG