Достапни линкови

Ќе се врати ли скијањето на Пелистер?


Празен Пелистер

Празен Пелистер

Топлото време го стопи снегот, а така почнаа да се топат и надежите на скијачите дека годинава ќе се врати скијањето на Пелистер.

Иако пред петнаесетина дена беше најавено дека ќе проработи жичницата на Копанки, настанот, на разочарување на љубителите на скијањето, во последен момент беше откажан. До денес жичницата не сврти ни еден круг, а доколку не се запали нејзиното зелено светло, ова ќе биде шеста со ред пропуштена сезона. Посетителите се зачудени зошто едноставно скијањето не може да се врати на Пелистер, планина со најдолга скијачка традиција во државата.
Жичница нема, не е пуштена. Се очекуваше голем број на скијачи да дојдат, но ништо од тоа.


„Жичница нема, не е пуштена. Се очекуваше голем број на скијачи да дојдат, но ништо од тоа.“

Копанки не проработе и годинава

„Ставија нова сајла, ги бојадисаа столбовите, но зошто не се пушти тоа да функционира не знаеме.“

„Веќе долго време не сме биле на Пелистер, а љубители сме на планината и убавините. Ќе го поминеме денот уживајќи, но без жичница. Многу би сакале како во старите добри времиња да има и снег, а да има и жичница.“

„Доаѓаме од Охрид со семејството. Не скијав, но Пелистер секогаш нуди нешто посебно и пак душата ви е исполнета.“
Жичницата во ред е само ни треба снег. Реставриран е и ски лифтот, тој беше во очајна состојба, а сега и тој е во исправна состојба за
работа.


Од планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, кој стопанисува со ски-патеката, се правдаа дека не ги дозваршиле подготовките и затоа жичницата не проработила. Но, претходно имаа изјавено дека таа е реконструирана со донација од ЕЛЕМ.

„Жичницата во ред е само ни треба снег. Реставриран е и ски-лифтот, тој беше во очајна состојба, а сега и тој е во исправна состојба за работа. Се е во ред, а исто така ја проширивме и ски-патеката, што е многу голем успех“, изјави Диме Попов, претседател на клубот.

Скијачите велат дека во иднина дали ќе има скијање на Пелистер не ќе зависи само од тоа дали ќе проработи жичницата, туку и кој ќе стопанисува со неа и ќе биде ли финансиски моќен да ја одржува и да плати горско чуварска служба. Понатаму дали ќе се најде ратрак за тапкање на снегот, кој и онака малку време се задржува во овој дел на планината, па најдобро решение е вештачки снег, но тоа е скапа инвестиција.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG