Достапни линкови

Азербеџански опозициски активист обвинет за поседување дрога


Опозицискиот активист Јабар Савалан

Опозицискиот активист Јабар Савалан

Апелациониот суд во Азербеџан денеска донесе одлука дека еден млад опозиционен активист кој преку Фејсбук повикувал на протести инспирирани од Египет ќе остане во затвор до неговото судење. Јабар Савалан беше уапсен на почетокот на месецов во градот Сумгајит за наводно поседување на дрога, по неговиот повик на социјалната мрежа за одржување на „Ден на гневот“.
Неговиот адвокат соопшти дека околу илјада приврзаници на Савалан се собрале пред судот и притоа ја пееле химната на земјата и неколку од нив биле упасени.
XS
SM
MD
LG