Достапни линкови

logo-print

Судири на демонстрантите и полицијата во Либија


Протестите за подршка на либискиот претседател Гадафи

Протестите за подршка на либискиот претседател Гадафи

Демонстрантите и полицијата денеска се судриле во либискиот град Бенхази. Сведоците и локалните медиуми соопштија дека немирите започнале, бидејќи толпата била гневна, поради апсењето на еден борец за човекови права. Ситуацијата во градот сега била мирна, но според извештаите синоќа стотина демонстранти со молотови коктели палеле автомобили и се судриле со полицијата.
Локалните медиуми објавија дека биле повредени 14 лица, меѓу кои 10 полицајци. Во меѓувреме во Триполи и другите градови низ земјата има протести за подршка на Претседателот Муамар Гадафи.
XS
SM
MD
LG