Достапни линкови

Судири меѓу провладините и опозициските демонстранти во Иран


Судирите меѓу демонстрантите во Иран

Судирите меѓу демонстрантите во Иран

Иранските провладини демонстранти денеска се судрија со нивните противници за време на церемонијата за одбележување на смртта на еден студент, кој беше застрелан на опозициските демонстрации пред два дена. Двете страни се обвинуваат меѓусебно дека се виновни за смртта на студентот. Опозицијата тврди дека тој биле еден од нивните демонстранти, но властите соопштија дека бил припадник на безбедносните сили и бил убиен од бунтовничката група Муџахедини.
Иранскиот обвинител денеска соопшти дека ќе бидат преземени мерки против опозициските лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби кои повикаа на одржување на протестите во понеделникот.
XS
SM
MD
LG