Достапни линкови

Друцас на низа средби за решавање на кипарското прашање


Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас ја повика Турција да ги повлече своите војници од Северен Кипар. Друцас побара турските власти да помогнат во изнаоѓањето на решение на кипарското прашање, бидејќи ќе и помогне на земјата за влез во ЕУ.
Според Друцас решавањето на проблемот е приоритет и на грчката надворешна политика за нормализирање на односите меѓу неговата земја и Турција. Друцас неделава е во посета на Никозија, Лондон и Њујорк.
XS
SM
MD
LG