Достапни линкови

Словенечко - македонски бизнис форум


Можностите за интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Словенија се во фокусот на вниманието на денешниот бизнис форум што се одржува на Брдо кај Крањ, а на кој присуствуваат претседателите на двете држави Ѓорге Иванов и Данило Тирк. На форумот, на кој има бизнисмени од околу 140 македонски и словенечки компании, се очекува да бидат воспоставени директни контакти за деловна соработка и да бидат разгледани потенцијалите за заеднички настап на трети пазари, а ќе стане збор и за можностите за привлекување на словенечки туристи. За двајцата претседатели ова е извонредна можност за воспоставување и продлабочување на бизнис контактите меѓу двете држави и продолжување на конкретните бизнис проекти.
XS
SM
MD
LG