Достапни линкови

logo-print

Груевски се среќава со Бајден и Клинтон


Џозеф Бајден

Џозеф Бајден

Претседателот на владата на РМ Никола Груевски денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот потпретседател Џозеф Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон. Главни теми на разговорите се очекува да бидат проблемот со името меѓу Македонија и Грција, реформите и актуелните случувања во земјава. Во функција на подготовка на денешните средби, вчера како што јави МИА, Груевски се сретна со Филип Гордон, помошник државен секретар за Европа и Евроазија. За време на дводневниот престој во Вашингтон македонскиот премиер ќе има и повеќе средби со сенатори и конгресмени.
XS
SM
MD
LG