Достапни линкови

Советот за безбедност за најновиот извештај за Косово


Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го разгледа најновиот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за ситуацијата на Косово. Тој во најновиот тримесечен извештај наведува дека УНМИК е подготвен во целост да ја поддржи истрагата за трговијата со човечки органи на Косово, како и оти очекува во следниот период да има напредок во отворањето на дијалог меѓу Белград и Приштина. Целокупната ситуација на Косово Бан Ки Мун ја оценува како релативно мирна, но потенцијално нестабилна. Тој напоменува дека организираниот криминал и натаму предизвикува загриженост, особено тој поврзан со трговијата со наркотици и криумчарење.
XS
SM
MD
LG