Достапни линкови

Обама им додели Медал на слободата на 15 личности


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама синоќа им додели Медал на слободата, најзначајното цивилно признание во САД на 15 личности, меѓу кои и на неговиот бивш колега Џорџ Буш постариот, германската канцеларка Ангела Меркел, поранешната кошаркарска ѕвезда Бил Расел и бизнисменот Ворен Бафет. На церемонијата во Белата Куќа, Обама на добитниците им рече дека тие го претставуваат она најдоброто кон кое сите се стремат. Овој медал се доделува на луѓе кои имале важен придонес во американската национална безбедност, мирот во светот, културата и во други области.
XS
SM
MD
LG