Достапни линкови

Стејт департментот активен на Твитер


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека деновиве Стејт департментот отворил налози на социјалната мрежа Твитер на арапски и на фарси јазик, за да може директно да комуницира со жителите на Блискиот исток. Таа најави дека наскоро ќе бидат отворени налози и на кинески, руски и хинду јазик. Во говорот за слободата на интернетот на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Клинтон истакна дека САД се решени да продолжат да „муабетат“ со луѓето од целиот свет. Таа потсети дека во Кина, Куба, Иран, Мјанмар, Сирија и во Виетнам интернетот е забранет или пристапот до него е многу ограничен.
XS
SM
MD
LG