Достапни линкови

Времето денеска- попладне наоблачување со дожд и снег


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Во вечерните часови на повисоките места, како и на планините ќе има услови дождот да помине во снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од нула до пет, а дневната ќе биде од три до 11 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови ќе има слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне околу девет степени.
XS
SM
MD
LG