Достапни линкови

САД и Украина здружени во борбата против трговијата со луѓе


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

САД и Украина соопштија денеска дека ќе ги зголемат напорите во борбата со трговијата на луѓе. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и украинскиот министер за надворешни работи Константин Гришченко за таа цел денеска потпишаа договор.
Клинтон изјави дека соработката ќе биде зајакната и еден од примерите кои ги цитираше беше трансферот на еден трговец со луѓе од Украина во САД, кој заработил милион долари од експлоатација на жени.
Според експертите повеќе од 100 илјади украинки се принудени на проституција од распадот на Советскиот сојуз.
XS
SM
MD
LG