Достапни линкови

Грција не ги продава островите


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу на денешната седница во Парламентот изјави дека земјата нема да ги продава своите острови за да ги покрие долговите. Изјавата на премиерот е поради полемиката што се создаде во Грција по објавувањето на програмата за приватизација, која изнесува 50 милијарди евра.
Според Папандреу тие размислувале за експлоатација на природните богатства а во подготовка е предлог закон со кој за секоја отстапка на општествена земја на користење ќе се гласа во Парламентот.
XS
SM
MD
LG