Достапни линкови

Српскиот вицепремиер Динкиќ поднесе оставка


Млаѓан Динкиќ

Млаѓан Динкиќ

Српскиот вицепремиер и министер за економија Млаѓан Динкиќ денеска поднесе оставка до премиерот Мирко Цветковиќ. Динкиќ планира да ја води пратеничката група Г17 во Парламентот, а заменик ќе му биде досегашната шефица Сузана Грубјешиќ.
Во соопштението на Динкиќ е наведено дека сака владата да биде стабилна до крајот на мандатот и не сака да го сметаат за пречка во евроинтегративниот процес на Србија.
XS
SM
MD
LG