Достапни линкови

logo-print

Тирк апелира спорот со името да се реши до пресудата во Хаг


Претседателот на Словенија Данило Тирк

Претседателот на Словенија Данило Тирк

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиот словенечки колега Данило Тирк по денешната средба во Брдо кај Крањ изјавија дека односите на двете земји се пријателски и оти треба да се интензивира економската соработка. Иванов побрал подршка спорот со името да биде третиран по словенско-хрватскиот модел, односно независно од решавањето на проблемот да тече евроинтегративниот процес на Македонија.
Тирк апелирал да се најде решение за името пред одлуката на Меѓународниот суд во Хаг за тужбата на Македонија кон Грција. Тој смета дека влезот на Македонија во ЕУ и НАТО е во интерес на стабилноста на Балканот и Европа.
XS
SM
MD
LG