Достапни линкови

Индентификувани 30 учесници во инцидентот на Кале


СВР Скопје индентификувало 30 лица кои учествувале во инцидентот на скопско Кале од видеоматеријалите на медиумите, кои биле присутни на настанот. Потпаролот на МВР Иво Котевски изјави денеска дека сите лица се од Скопје на возраст од 16 до 30 години, а 17 од нив биле од групата која протестирала против изградба на музејот-црква, додека 13 била од групата за изградба на објектот.
Во консултација со јавниот обвинител ќе бидат пријавени под сомнение за учество во толпа, што ќе изврши кривично дело.
XS
SM
MD
LG