Достапни линкови

Трибини, работилници, едукативни предавања и спортски активности се предвидените мерки на надлежните во Куманово во борбата за сузбивање на дрогата.

Активностите се проект на Одделението за превенција на СВР Куманово, во соработка со локалната смаоуправа, основните и средните училишта, родителите кои имаат деца, канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за образование, информира Виолета Богдановска, началник на Одделението за превенција при СВР Куманово. Според Богдановска „Спорт да-дрога не“, од пилот проект започнат во Куманово, проширен е, а и континуирано продолжува.
Согласно нашите годишни програми планирани се активности во насока на сузбивање на овој проблем.Едукативни предавања, трибини,работилници,ќе се организираат и спортски активности за ученици од основно и средно образование во сите шест општини, а ќе биде вклучен и Сојузот на спортови на Општината
Куманово.

„Согласно нашите годишни програми планирани се активности во насока на сузбивање на овој проблем. Едукативни предавања, трибини, работилници, ќе се организираат и спортски активности за ученици од основно и средно образование во сите шест општини, а ќе биде вклучен и Сојузот на спортови на Општината Куманово.“

Богдановска додава дека за поефикасно реализирање на проектот за сузбивање на користење на дрогата ќе продолжи дистрибуирање на рекламни материјали. Проектот е наменет за деца кои соодветно треба да бидат информирани за опасноста од дрогата која демне од сите страни. Eдукативно ќе се делува и на родителите од кои исто така се очекува учество во проектот и поддршка.


„Очекуваме подршка и помош за реализација од локалната самоуправа, но и другите институции со донесување на локален акционен план за борба против дрогата со временска рамка, за подоцна секој си го преземе делот од своите обврски. Проблемот на дрогата не е само проблем на полицијата,на образованието и на локална самоуправа, туку треба и другите институции да се вклучат.“

Богдановска додава дека од досегашните активности било забележано дека и кај наставниците и кај учениците постои заинтересираност за осознавање на деталите околу дрогата и штетата која таа со себе ја носи. Затоа, според Богдановска, во текот на оваа година ќе се организира:

„Интерактивно учество на учениците, наставниците кои ќе можат да прашуваат и да дискутираат,за да се види во кој дел треба посебно да им се псовети внимание.“

За оваа намена и дел од учениците вклучени во овој проект по учеството на работилниците ќе можат на одделенските часови да ги информираат нивните соученици и професори.

Кумановската полиција до сега има евидентирано околу 900 корисници на дрога, но таа бројка е според прекршочните и кривичните дела кои тие ги сториле. Точната бројка на наркозависнивиците е непозната, а се претпоставува дека таа трикратно или четирикратно е поголема. Дрогата во изминатиот транзиционен период однесе и стотина животи.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG