Достапни линкови

Корупцијата и натаму главен проблем


Ништо ново на планот на борбата против корупцијата, велат од невладиниот сектор. Нивните податоци покажуваат продолжување на негативените трендови во трошењето на јавните пари.

Не може да се очекува напредок во борбата против корупцијата во услови на политичка и парламентарна криза, сметаат претставници на невладиниот сектор, чии податоци покажуваат дека веќе неколку години Македонија се соочува со старо – нови проблеми. Сашо Ордановски од невладината „Транспарентност Македонија“ дава резиме на тоа што се случувало во земјава во поглед на корупцијата изминативе година дена:
2010 година помина во продолжување на некои неславни трендови кои што се забележуваа и во претходните години во областа на трошењето на јавните пари, се заострија поделбите, се продлабочија конфликтите, државата пред се го диктира темпото во тоа заострување, тоа не е добро.

„2010 година помина во продолжување на некои неславни трендови кои што се забележуваа и во претходните години во областа на трошењето на јавните пари, се заострија поделбите, се продлабочија конфликтите, државата пред се го диктира темпото во тоа заострување, тоа не е добро.“

Нетранспарентно трошење на народните пари, „споменизација“ на Македонија, не давање на отчет за трошоците за рекламни кампањи и партизација на јавната администрација се само дел од коруптивните проблеми кои ги забележува Транспарентност Македонија во својот извештај за изминатата година. Покрај сето тоа, се зголемиле и притисоците врз телата кои водат борба против овој неповолен феномен, вели Ордановски:

Видео - Корпција во Македонија



„Значи секаде оние тела коишто се предвидени да прават еден објективен мониторинг за тоа како работи државата, има притисок или се носат
Имаме целосна контрола од страна на една политичка гарнитура над сите институции и тоа исто така е критична точка, ризик за појава на коруцпијата како прво и како второ за да неможеме правилно да се справиме.
партиски решенија.“

Притисоци секако има, се согласува првиот човек на Државната антикорупциска комисија Илми Селами, според кој најбитен е интегритетот на институцијата:

„И плус законската поставеност на државната комисија, значи ние имаме сигурен мандат во нашето постапување и одговараме за нашето работење пред Собранието на РМ.“

Сепак, се поставува прашањето како може антикорупциска да го брани интегритетот пред Собранието кое моментално е недокомплетирано? Политичката и парламентарна криза во која се наоѓа земјава ја загрозува борбата против корупцијата, вели првата жена на „Транспарентност Нулта Корупција“, Слаѓана Тасева:

„Имаме целосна контрола од страна на една политичка гарнитура над сите институции и тоа исто така е критична точка, ризик за појава на коруцпијата како прво и како второ за да неможеме правилно да се справиме.“

Излезно решение е притисок кој би потекнувал надвор од системот или од странство, вели Тасева:

„На тој начин може нешто да се промени во оваа клима во борбата против корупцијата.“
XS
SM
MD
LG