Достапни линкови

logo-print

Талер и Кукан бараат смирување на тензиите по инцидентот на Кале


Двајца известувачи за Македонија во ЕП Зоран Талер и Едвард Кукан изразија загриженост за инцидентот на скопско Кале. Според нив последните случувања предизвикале затегнување на односите меѓу етничките заедници во Македонија. Тие бараат сите политичари, медиуми, религиозни заедници и граѓани да повикаат на смирување и да се воздржат од активности за зголемување на тензиите. Според комуникето на двајцата европратеници добрите меѓуетнички односи се важни за мирот и стабилноста на земјата, како и на целиот регион.
XS
SM
MD
LG