Достапни линкови

Дипломатска криза меѓу Шпанија и Иран


Анти-владините протести во Иран

Анти-владините протести во Иран

Шпанската министерка за надворешни работи Тринидад Хименез изјави денеска дека Мадрид ќе го повика амбасадорот во Иран на консултации, доколу Техеран не објасни и не се извини за апсењето на шпанскиот конзуларен претставник.
Игнацио Перез Камбра беше уапсен вчера пред шпанската амбасада во Техеран, по прошетката во регионот со амбасадорот, каде се одржаа анти-владините протести. Тој бил во притвор повеќе од четири часа и потоа бил ослободен.
Хименез смета дека Иран ја прекршил Виенската конвенција, која ги регулира дипломатските односи., бидејќи Камбра не бил информиран зошто бил уапсен.
XS
SM
MD
LG