Достапни линкови

Египет бара помош за економско заздравување на земјата


Египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Геит

Египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Геит

Египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абул Геит ја повика меѓународната заедница да помогне во економското заздравување на земјата, по соборувањето на режимот на Претседателот Хосни Мубарак. Геит денеска имаше телефонски разговор со неговиот американски, британски и саудиски колега.
Во меѓувреме египетската војска го суспендира Уставот и го распушти Парламентот и соопшти дека ќе бидат на власт шест месеци или до одржувањето на изборите.
XS
SM
MD
LG