Достапни линкови

logo-print

Партијата поважна од Уставот и законите


За настаните на Кале, заменик министерот Бучи изјави дека ќе замине од функцијата само ако ДУИ го побара тоа од него

За настаните на Кале, заменик министерот Бучи изјави дека ќе замине од функцијата само ако ДУИ го побара тоа од него

Заменик министерот Бучи изјави дека ќе си замине од функцијата само ако ДУИ тоа го побара. Има ли паралелизам во власта?

Изјавата на функционер на ДУИ дека за него одговорноста пред партијата е посилна од одговорноста пред владата на ниеден начин не значи дека постои формално правен парaлелизам, но очигледно е дека фукционираат две кадровски линии, оценуваат политичките аналитичари. Во нашиот систем постојат единствени процедури што значи дека заменикот е избран од институциите на Македонија, вели професорот од Правниот факултет Владо Поповски кој забележува дека ние преку оваа изјава сме осведочени дека има
Значи неформално правно дека де факто очигледно функционираат две кадровски линии и дека имаат политичка согласност веројатно, кадрите од едната коалициона партија, односно од другата, да бидат предлагани од самите тие партии, што е сосема во ред. Но, кога станува збор веќе за функционери кои што прифатиле определена државна позиција, тие можат да одговораат само пред Уставот и законите на Република Македонија.
поголема разлика меѓу она што е уставно и она што фактички се одвива:

„Значи не формално правно, но де факто очигледно функционираат две кадровски линии и дека имаат политичка согласност веројатно, кадрите од едната коалициона партија, односно од другата, да бидат предлагани од самите тие партии, што е сосема во ред. Но, кога станува збор веќе за функционери кои што прифатиле определена државна позиција, тие можат да одговораат само пред Уставот и законите на Република Македонија.“

За разлика од Поповски, политичкиот аналитичар Мерсел Биљали оценува дека начиниот на кој функционира владата води во неорганизраност:

„Тоа е само „температура на болеста“ или „капка вода во морето“. Проблемот е во тоа што оваа власт, тотално анахроно функцинира и не можете да најдете нешто рационално.“

Али Ахмети, премиер на министрите од ДУИ?

Заменик министерот за внатрешни работи Бучи кој два дена беше присутен на инцидентите на скопско Кале изјави дека ќе поднесе оставка само ако тоа го побара Ахмети. Имаше и друг функционер кој кога оваа партија беше во коалиција со СДСМ рече дека одговара пред партискиот шеф.
Владо Поповски предупредува кој е најголемиот предизвик за институциите. Функционери кои прифатиле определена државна позиција може да
Проблемот е во тоа што оваа власт, тотално анахроно функцинира и неможете да најдете нешто рационално.
одговараат само пред Уставот и законите, вели тој:

„Ако се најде негова одговорност, која што може апсолутно да биде основа за разрешување, јас мислам дека институциите ќе си ја завршат својата работа, посебно затоа што имаше изјава на тој заменик министер дека тој таму бил за да ги смири судирите, да спречи судир и слично, што значи треба да се остави на истрагата.“

Министерката Јанкулоска рече дека одговорноста на политичките функционери ја цени Собранието што ги именувало. Министерството најави дека нема да преземе политичка одговорност, а ниту до Собранието немаше барање за разрешување на Бучи од функцијата. Опозицијата побара да се разреши Бучи зошто ги злоупотребил институциите со тоа што учествувл во уривање на објекти и вадење лисици, а Јанкулоска зошто дозволила полицијата да изгледа хаотично.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG