Достапни линкови

Грција ќе продава острови, пишува Елефтерос Типос


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу распишува огласи „се продаваат 598 острови“, пишува денеска „Елефтерос типос“, кој се повикува на Институтот за стратегиски истражувања, кој разоткрил план за продажба на карпести острови во Егејското и Јонското Море.
Според весникот планирано е освен острови да се продаваат и нафтени наоѓалишта и автопати.
Весникот пишува дека продажбата е објавена, откако инспекторите на Европската унија и на Меѓународниот монетарен фонд побараа од Владата во Атина да почне со програмата за приватизација на државниот имот, со која е предвидено да бидат собрани 50 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG