Достапни линкови

Претседателот Иванов во посета на Словенија


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Словенија.
Иванов ќе се сретне со неговиот словенечки колега Данило Тирк, а ќе оствари средби и со премиерот Борут Пахор, потпретседателот на словенечкиот Парламент Миран Покрч, како и со градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ.
Иванов утре ќе присуствува на Бизнис-форум на кој ќе бидат претставени можностите за деловна соработка меѓу двете земји, а ќе се сретне и со претставници на македонската заедница во Словенија.
XS
SM
MD
LG