Достапни линкови

Груевски во Вашингтон - Македонија сака да го реши спорот за името


Macedonia - Prime Minister Nikola Gruevski, Skopje, 3Sep2010

Macedonia - Prime Minister Nikola Gruevski, Skopje, 3Sep2010

Американско - македонските односи, спорот за името со Грција и реформите и состојбите во Македонија се главните теми на средбата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден со премиерот Никола Груевски, што утре ќе се одржи во Вашингтон.
Во врска со спорот со името македонската делегација, во која се и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, амбасадорот Зоран Јолевски и Мартин Протогер, шеф на Кабинетот на премиерот, ќе ја потенцира посветеноста за надминување на отвореното прашање со Грција што ќе ги деблокира македонските евро атлантски интеграции.
На средбата ќе стане збор и за продлабочување на соработката меѓу двете земји како чекор за надградба на Договорот за стратегиско партнерство.
За време на дводневниот престој во Вашингтон македонскиот премиер ќе оствари и повеќе средби со сенатори и конгресмени.
XS
SM
MD
LG